ОПЕРСКА НОЌ ВО “… ЦЕПЕНКОВ”

Со дела на Доницети, Пучини, Менделсон, Прокопиев, Верди…. ќе има оперска ноќ со сопранот Славица Петрова Галиќ, тенорот Влатко Груевски, во пијано придружба на Андреј Наунов на 28 јуни во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. Гостин е Ана Митоска.

Галиќ дипломира на ФМУ, а магистерските студии ги почнува во Белград, а ги завршува во Скопје. Имала бројни ролји професорката по соло пеење на ФМУ. Носител е на бројни награди. Имала и јубилеен концерт за 40 години од уметничката дејност. Гостувала во сите поголеми музички центри во Европа.

Груевски е магистер на ФМУ. Слави 10 години од кариерата полна со концерти на познати музички фестивали и манифестации низ државава и во стѕранство. Имал 10 до 15 концерти за 2 месеца.

Пијанистот Наунов дипломира на ФМУ. Сега е на постипломски студии. Добитник е на награди.  Настапил со Македоснката филхармонија и оркестарот на Националната опера и балет. Бил придружба на турнеите со Симон Трпчески. Располага со изведувачки вештини на пијано. Има и корепетиторска, вокална и  диригентска умешност.

Loading