ТРИ НОВИ ТВОРБИ НА МИРЈАНКА СЕЛЧАНЕЦ

Романот “Која сум?”, поемата “Необичен сон” и книгата “Од стариот нотес” се нови три творби од плодниот наш автор Мирјанка Селчанец.

“Која сум?” е автобиографија во два тома, за која авторот вели дека е  “препливување” на брза и длабока река во која не знаеш што те чека додека си во нејзината нељубезна прегратка.

-Да напишеш добар роман е како да побегнеш од смртта, тогаш кога таа ти дува во вратот, онака како што на Шехерезада со своите убави, умни, ден и ноќ раскажувани приказни и се измолкнувале на навестената погибија. Да напишеш добар роман значи да им оставиш на родот, народот и татковината едно скапоцено ковчеже со духовни убавини, во кои се нурнати и приказната и ликовите и јазикот, на кој му подигнав најубав пишан споменик на неуништливиот прилепски дијалект, еден од неразјадливите столбови на македонскиот литературен јазик – вели Селчанец.

Tој е 13-то чедо создадено во двотомна големина роман.

Поемата “Необичен сон” е првонаградена творба на манифстацијата “Душата на чаршијата” на Дата Песнопој. Посветена на бабата и дедото на авторката, Рајна и Ордан Мирчески.

Во книгата “Од стариот нотес” се објавени непрочитани творби од гимназиската литературна секција.           

Loading