ЧЕКАЊЕ НА БАБУНСКИ И ПРВИОТ СОБИР

Фудбал – Победа

Симпатизерите на Победа мораа да бидат трпеливи 40 дена чекајќи како ќе изгледа Победа во претстојното првенство од Првата лига. Управата е зафатена со финансиите, од што зависат следните потези. Речиси  нема официјални вести. Кој ќе биде тренер, кога ше биде првиот собир, кои фудбалери заминуваат, кои о остануваат, кои доаѓаат, се неодговорените прашања до подготвувањето на овој број од весников.

Кога е во прашање Победа, не може сé да остане во тајност.  Загреаните навивачи дознале дека нов тренер ќе биде Бобан Бабунски, реномиран тренер, некогашен младински репрезентативец на Југославија, потоа сениорски репрезентативец на Македонија, интернационалец во Шпанија, Бугарија, Грција, Јапонија… Тренер беше во Работнички, Вардар, селектор на Младата репрезентација. Јавноста  го чека првиот тренинг в сабота. Значи, отпаднале Славољуб Бубања, Димитар Капинковски и неколку други опции. По името на тренерот, се очекуваат вести за засилувања. Преодниот рок е до крајот на август.

Победа за конкуренти ќе ги има: Шкупи, Македонија ЃП, Работнички, Скопје (Скопје), Шкендија, Ренова (Тетово), Академија Пандев (Струмица), Брегалница (Штип), Тиквеш (Кавадарци), Силекс (Кратово) и Струга.

Loading