УКИНАТИ НЕРЕШЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ

Историја

Летото 1988 година се случи најчудната реформа во југословенскиот фудбал. Фудбалскиот сојуз на Југославија воведе нов правилник за натпревари во сите рангови. Се укина нерешениот резултат и поделбата на бодовите. При нерешен резултат, се изведуваа пенали, по што поуспешниот тим освојува бод, а поразениот останува со празни раце. Втора новина беше правилото за одредување на пласман. При ист број бодови на табелата, повеќе не решаваше гол-разликата, туку меѓусебните дуели. Промените беа да се спречи ,,местењето,, на резултатите, појава што загрижуваше во претходните години. Со новите правила Победа се соочи во првенството од Третата лига – Исток. И немаше среќа со пеналите, бидејќи на пет нерешени меча освои само бод, за 13. место меѓу 18 тима. Да ги земеше сите пет бода од пеналите, ќе беше на 5. место со 35 бода.

Чудното правило важеше до сезоната 1992/93, до распадот на Југославија.

Loading