НЕСТОРОВСКИ ОСТАНУВА ВО ИТАЛИЈА?

Интернационалци

Дефинитивно фудбалерот Илија Несторовски заминува од италијанскиот прволигаш Удинезе. Договорот му заврши и тој е слободен играч. Прашање е која е следната дестинација. Имал понуда од Англија (Вотфорд), од Обединетите Арапски Емирати, од италијанските Лече и Палермо. Поради навиката на италијанскиот фудбал, можно е да прифати една од последниве понуди. Се смета дека во предност е Палермо, каде успешно настапуваше три години. Клубот стои одлично финансиски, по доаѓањето на новиот сопственик, кој го има и англискиот гигант Манчестер сити. Во пресрет на одлуката каде ќе продолжи, Несторовски се подготвуваше во Прилеп, во вежбалница, на игралиштето со вештачка трева и на Градскиот стадион.

Другите прилепчани, репрезентативци се во различни држави, Езѓан Алиоски во Ал ахли (Саудиска Арабија), Тодор Тодороски во Серед (Словачка), Бојан Димоски во Академија Пандев (Струмица).

Loading