ТРЕТПАТ ПОБЕДНИК Е ЃОРЃИЕСКИ

Шах

Осмиот годинашен шаховски брзопотезен турнир му припадна на Дејан Ѓорѓиески. Тој победи на 11 меча, двдпати одигра реми, ниеднаш не загуби. На Горан Готовуша и Кире Николоски им успеа да ремизираат. Прв е Ѓорѓиески со 12 поени, пред Николоски со 11,5, ИМ Тони Кироски и Готовуша по 10,5. Ова е трет триумф на Ѓорѓиески. Претходно по двапати победија Николоски и Кироски, еднаш Мартин Николовски. Ако се сметаат само шесте Гран при турнири, по двапати победија Ѓорѓиески и Николоски, по еднаш Кироски и Николовски. 

Следниот турнир е во јули.

Loading