АРОНИЈАТА МОЖЕ ДА ГИ ПОБЕДИ ВИРУСИТЕ, ТУМУРОТ…

Ја нарекуваат и намирница на иднината, бидејќи е исклучително лековита за човекот. Аронијата ефикасно го прочистува организмот од штетни материи и тешки метали. Корисна е превентива против малигните заболувања.

Плодовите имаат антиканцерогено дејство, бидејќи во голем процент ,,ги убива,, малигните клетки на мозокот, белите дробови, дојките, дебелото црево и црниот дроб. Како антиоксиданс, спречува создавање на слободни радикали и ,,напади на здравите клетки во телото и крвната плазма, забавувајќи го стареењето на организмот и спречувајќи развој на хронични болести.

Потекнува од Северна Америка, од каде е пренесена во Европа. Индијанците ја користеле како храна и лек. Ползувана е за ублажување на последиците од радијацијата во Чернобил. Била повеќе од успешна.

Таа е елиминатор на тешки метали во организмот. Се смета за лек од аерозагадување и од тешките метали внесени преку исхраната. Аронијата има најсилно антиоксидативно дејство во споредба со јаткастите плодови. Содржи каротен за заштита на клетките од оштетувања, за подобрување на  видот и спречува катаракта. Аронијата штити од УВ зрачење. Има моќ на себе да ги врзува тешките метали и радиоактивните елементи, овозможувајќи го нивното излачување.

Зрелите плодови содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен – од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е. Заедно со калциумот, калајот, железото, манганот, јодот, фосфорот е витаминска бомба. Ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови на главата и помага при главоболка и мигрена. Придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го регулира лачењето на хормоните, затоа е одлична за лекувањето од гушавост. Ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај воспалени и проширени вени. Ги намалува болките и грчевите во желудникот, особено за чир на желудник. Ги смирува болките и грчевите на цревата и го запира проливот. Ја подобрува работа  на панкреасот и лачувањето на жолчката со неутрализирањето на штетните материи. Сокот ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично. Го намалува холестерол, има диуретичен ефект. Идеален плод е за раст на имунитетот. Помага во одржувањето на телесната тежина.           Аронијата се користи свежа, во чаеви, во житарки, додаток во кремови, слатки пити, сок или се приготвува џем. Може да се конзумира сува и замрзната. Полезен е и чајот од ливчињата.

Се препорачува да се јаде трипати во денот по 5 зрна.

Loading