ГОЛТАЊЕ НА ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ

Родителите ги предупредуваат децата да не голтаат гума за џвакање, оти тоа може да им наштети. Сигурно барем еднаш секој проголтал гума за џвакање, можеби и ненамерно. Лесно може да се голтне, ако истовремено се пие пијалак и се заборави дека гумата е во устата.

Дали може нешто лошо да се случи?

Некои говорат дека се потребни 7 години гумата да мине низ дигестивниот систем. Нема место за стравување, бидејќи сите опасности во суштина се само митови.​ Дел од гумата за џвакање се состои од смола, масти, емулгатори и восок кои не се сварливи. Меѓутоа, човекот во текот на животот внесува доста несварливи работи и желудникот успева да се избори со нив. Несварливите делови од гумата за џвакање едноставно минуваат низ системот за варење на храна додека се исфрли заедно со екскрементот.​Меѓутоа, доколку за кратко се голтнат неколку гуми, можни се неколку проблеми, бидејќи системот за варење нема да биде во состојба толку брзо да ги апсорбира. Може да дојде до блокада на целиот систем за варење.​ Тоа најчесто се случува кај децата. Во такви ситуации потребна е лекарка интервенција. За среќа, ова се случува ретко. Затоа кога ќе се проголта гума, бидете без грижа. Системот за дигестија ќе се погрижи за тоа.​

Loading