ЗБОГУВАЊЕ СО МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ

РЕКВИЕМ ЗА ПРОФ. Д-Р Ѓ. МАРЈАНОВИЌ

Замина  најголемиот ум што Македонија го имала. Вака коментираше адвокатот Александар Тортевски. “Единствената светла ѕвезда во нашава темнина” – рече професорката Билјана Ванковска. “Замина еден прекрасен ум” – напиша професорот Денко Малевски. При една наша средба, оперската пеачка Васка Биџова – Гајдова ми рече дека со професор, доктор, Ѓорѓи Марјановиќ, се чувствувала духовно побогата.

Мојот политички истомисленик, фамилијарен пријател и, како што ми велеше, со исти судбини. Неговиот татко е убиен од српските четници. Потекнува од некогашна благородничка лоза. Сонуваше од Македонија да направиме пристојно место за живеење, затоа што беше оличије на пристојност, сестрана образованост, разум и култура, полиглот (6 јазици).

Секогаш насмеан, харизматичен, со остар јазик и луциден ум. Користешње реторика што провоцира, дури и шокира. Афирмиран како професор во југословенските и во европските граници. Брутално искрен. Лигата за демократија беше единствена партија што не беше формирана од УДБА, иако при основачкото собрание ги поздрави и слушателите дојдени по “службена должност”.

Во долгите ноќни разговори велеше – “Зборувам што мислам, а не мислам што зборувам. Ги нарекуваше нештата како што заслужуваат, без ракавици, “по име и презиме”. На предавањата присуствувале не само студентите по право, но и студенти од  другите факултети, но и некои “по службена должност”. По признавањето на Македонија од САД, ми раскажа – “Испратив писмо до америчканскиот претседател со следната соджина: Јас како граѓанин на мојата Македонија, Ви се заблагодарувам за признавањето на Бившата југословенска република Македонија од Бившата англиска колонија Америка”. Пораката беше разбрана и Америка го преиначи признавањето.

Велеше – “Само да се спомне промена на името, Македонија веќе нема да постои”. Грција за него беше малиот балкански насилник. Вешеше- “Бугарите можат да ја присвојуваат Македонија и македонскиот јазик, колку што американските индијанци можат да го присвојат Шекспир. Веројатно за денешниве ќе беше “некапен”, националист и антизападен.

Води важна битка против вербалниот деликт. Слобода на говорот. Мисла мора да има. Велеше дека така се гради општествената култура. (Денес забрана на негативно мислење против моќните). Кога го прашав дали размислува за академик ми рече – “Нне ми е местото во тоа лошо друштво”. Беше морален светилник. Не сакаше указ на некоја институција со нарушени фундаменти. Чудно му беше постоењето на претседателски палати, службени коли, телохранители. Често велеше – “Не правете го тоа на луѓето што не сакате да ви го прават вас”. “Глупоста не е хендикеп во политиката”,   “Реципроцитетот важи само за достоинствена држава и достоинствена власт”. “Има моменти кога непослушноста е обврска”.

Почивај во мир почитуван професоре, Ѓорќи Марјановиќ. Вашиот завет баш денес ние потребен. Од Македонија направија место за умирање, а не пристојно место за живеење. Те испратија со наведнати глави, колку што е и нивното достоинство. Твојата височина беше недостижна за нив. Недоволно разбран и недоволно искористен.

ПРИМ. Д-Р  Б. ДАМЕСКИ

Loading