60 ФОТОГРАФИИ ОД 60 АВТОРИ

ФКК Прилеп

Традиционалната годишна изложба на Фото кино клубот Прилеп, “Јордан Зазоски – Зазо 2022”, отворена во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”  понуди 60 нови фотографии од исто толку автори, членови на клубот. Портрети, мртва природа, пејзажи, апстракции… се дел од изложените фотографии на прилепските фотографи, од кои најголемиот дел се млади.

Сашо Попоски, претстедателот на клубот, не го крие задоволството од интересот за изложување на фотографии и дека изложбата стана веќе традиција.

-Очекувам повеќе млади во иднина да одлучат за овие технички науки како, видео и кино техниката – вели Попоски.

Отворајќи ја изложбата градоначалникот Борче Јовчески посочи дека Клубот важи за еден од најдобрите клубови во Република Македонија.

-Клубот им дава шанса на сите млади да ја покажат креативността и правилно да го насочат својот талент. Затоа локалната самоуправа ќе продолжи да го помага Фото кино клубот. Ќе им бидиме значајна поддршка во идните планови и проекти заедно да придонесеме во афирмација на сите, особено на младите фотографи од нашиот град  – рече градоначалникот Јовчески.

Идната година ќе биде јубилејна изложба, а од клубот се надеваат дека ќе ја одбележат со најмногу фотографии досега.

Loading