“ПЕРСОНА” ОД ФИЛИП ЦАКОСКИ

Изложба

 “Персона” е тематската изложба на нашиот уметник Филип Цакоски која ќе биде  отворена в среда од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”. Станува збор за 11 фигуративни скулптури, меѓусебно поврзани со идеја да претстават психолошки состојби кај секојдневниот човек вели авторот.

-Внатрешните потреби, пориви, скриени или навидум заборавени желби, фантазии и незадоволства – како сила која од заднината управува со нашата личност (персона), која ја креираме пред другите – потенцира Цакоски, објаснувајќи ја изложбата со која првпат ќе се претстави самостојно во родниот град.

Цакоски е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класа на проф. м-р Жарко Башески. Член е на ДЛУМ од 2020 г.

Ја реализирал самостојната изложба “Обвивки” лани и учествувал во повеќе групни презентации.

Loading