ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (137) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Делење на ситната стока – овците

Овците беа делени на подруг начин. Го ивадоа списокот кој колку овци внесол во Колективот во 1949 година. Прво му се враќа на секое домаќинство по пет овци, повторно истата сума и така му се враќа на сите по пет овци. На тие што ја исполнале нормата, бројот на овци е завршена давачка со нив. На тие на кои му фали бројот на овци му се додава се додека имаше колективни овци. На тие домаќинства на кои не му беше исполнет бројот со овци, му се дополнуваше бројот на овци од приватните овци. Затоа во сите приватни булуци, булучиња на овци после делбата на овците имаше од еден стопан кај друг. И таа работа со овците беше завршена на мирен начин без замерка. Исто така и житото се подели одредена сума на член во домаќинствата. Исто така имаше и дневни надници на кој му беа исплатени во пари.

Во нашето источно соседно село при делбата на коективниот капитал ја украдоја селската коперација и после тоа ја запалија од нефатени пиромани изгоре до темел.

Со делбата на колективниот капитал повеќе работи во Марул се изменија. Навлезе егоизмот, лакомоста за приватен имот, капитал.

Се затвори задружниот дом каде младите во слободнот време навоѓаа разонода гледајќи разни реклами од настани во светот и разни карикатури. Престана фудбалската активност, фудбалската статива во колеската ограда постана дечки фискултурни вратила. Претседателот на колективот Јованоски Цветан Крушка го задржа местото за одборник во с. Марул.

Нема повеќе пеење и смеење на младината кога се враќа навечер од работа од полето, престана да се одгледува афион и памук. Корзото се намали со посети. Домаќинствата почнаа со работа, стани си порано, а дојди си покасно кога ќе заврши работата.

Нема повеќе колективно орање сето стана приватно, индивидуално. Стативите од фудбалот во Колеската ограда осамеа и подолго време за чавките кои се собираа навечер на стативите големи јата и одлетуваа во блатото за преноќевање, а наутро поново се собираа на стативите за собирање храна низ селото. Дотогашниот претседател на Колективот Јованоски Цветан Крушка ја презеде новата должност, одговорно место, постана одборник во с. Марул.

Веќе во половината на месец април кога се распушташе колективот починаа две постари лица. Прво почина Колески Стојанов Крсте, 1953г. кој беше нервно разболен со влегувањето во Колективот и одземањето ѕевгар волови од страна на државните власти како нарјат без никаква наплатена оштета за одземената стока односно ѕевгарство.

После неделата од умирањето на Крсте Колески почина одненадеш Ризоска Трајаница Бошеска – Колеска 1861 – 1953 родена во с. Загорани кај Солуните преселени во Прилеп.

За прв селски падар полјак после колективот во Марул беше Тошески Јованов Божин Јолески. Селски говедари во Марул во 1953 година беа децата Уско, Амза и Абас од канатларченецот Насув.

За Ѓурѓовден се појавија и приватни овчари за пасење овците за преку летото. Во заапдно маало прва бригаде се следните овчари: Митрески Степан Мурџески, Мојсоски Веле Колески, Павлески Игне Јоноски, Ристески Блаже Танески; средно маало втора бригада: Јовчески Трајко Велјаноски, Ристески Цветко – Цане Јанкоски; јужно маало трета бригада: Атанасоски Мице Танески, Дамјаноски Никола Дамјаноски, Јовчески Трајко Велјаноски и Павлески Игне Јоноски овците ги пасеа замешани, ортачки.

На денот Гурѓелија почина Павлески Анѓелов Јован агата (1870-1953) подолго време бил на печалба во Америка со спечалените пари купил повеќе хектари земја во марул. Јован беше интелегентна личност поред спечалените пари во Америка знаеше да зборува на неколку странски јазици, турски, италијански, англсики, шпански, португалски, француски итн. Сите овие европски јазици ги научил додека престојувал во Америка, а додека турскиот јазик го научил кога бил мал, бил главен момоче на Теѓето во с. Канатларци таму пасел крави и овци.

Школство

При распустот на учениците за учебната година 1952/53 пет ученици имаше кои беа родени во 1939 година.Четирите ученици беа во четврто одделение. Трите го завршија четврто одделение, а додека четвртото дете ученикот остана повторувач и го заврши четврто одделение наредната учебна година 1953/54 на 15 годишна возраст.

Петтото дете ученикор родено во 1939 година во учебната година 1952/53 беше во трето одделение и остана да го поновува истото одделение за учебната година 1952/53та. Ученикот се откажа од натамошно школување и остана без документ односно свидетелство за неговото дотогашно школување.

Во истата учебна година 1952/53 ученици три родени во 1940 година двата ученици го завршија четврто одделение, а додека третото учениче остана и во наредната година 1953/54 го заврши четврто одделение на возраст од четиринаесет години.

Родени во 1941 беа четири ученици во учебната 1952/53. Од четирите ученици еден ученик го заврши четврто одделение. А додека трите ученици остана во истиот клас за да го продолжат нивното школување. Од трите ученици едно учениче се откажа од понатамошно школување и остана осакатено без документ, без свидетелство. Овие два ученика го продолжија нивното школување во наредната година 1953/54 едната ученичка го заврши четврто одделение во 1953/54 година на тринаесет годишна возраст, а додека ученикот остана да го поновува одделението, го продолжи учењето и го заврши одделението во 1954/55 година на четиринаесет годишна возраст.

Ученици родени во 1942 година од шест ученици во учебната година 1952/53 два ученици го завршија четврто одделение по редовен пат четири останаа за повторување за учебната година 1953/54. Во оваа година 1953/54 еден ученик го заврши четврто одделение на дванаесет годишна возраст. А додека три ученици негова генерација го завршија четврто одделение во учебната година во 1954/55 на тринаесет годишна возраст.

Ученици родени во 1943 година запишани во учебната година 1950/51 во учебната 1952/53 останаа повторувачи од десет, пет ученици во 1953/54 го завршија четврто одделение на единаесет годишна возраст, една ученичка од нив го заврши четврто одделение во учебната 1954/55 година. А додека четири ученици го завршија четврто одделение во учебната година 1955/56 на тринаесет годишна возраст.

Продолжува

Loading