ПРЖЕНО МЛЕКО

Станува збор за највкуснитот шпански рецепт кој најчесто се служи во слатка варијанта, иако може да се приготви и во солена. Лесно и брзо се приготвува и станува омилен рецепт.

Потребни се 750 мл. млеко, лупена кора од половина лимета (или лимон), 1 стапче цимет (или 1 лажичка во прав), 100 гр. шеќер, 1 супена лажица несолен путер/маргарин, 100 г брашно. За кора 1/2 лажичка мелен цимет, 50 гр. шеќер во прав, 1 јајце, 40 гр. брашно и уште 30 мл. масло за пржење.

Во подлабоко тенџере се тура 600 мл. млеко. Се додава лупена кора од половина лимета, едно стапче цимет и 100 гр. шеќер.  Се меша со лажица да се стопи шеќерот додека се загрева на умерена температура. После неколку минути со решеткаста лажица се вадат стапчето цимет и кората од лиметата.  Во помал сад се става 100 гр. брашно и се додава 150 мл. ладно млеко. Се меша додека смесата се изедначи и без грутчиња. Смесата со растворено брашно се додава во топлото млеко (претходно ароматизирано со цимет и лимета), па се вари на ниска температура со непрекинато мешање. Млечниот крем е сварен кога ќе се згусне како пудинг. Во длабок калап, може кутија од сладолед се намастува со супена лажица несолен путер или маргарин. Сварениот крем се остав да се лади на собна температура со повремно мешање, па се лее во калапот и се става во фрижидер 3 часа. Потоа кремот се тресе од калапот и се сече на парчиња по ваша желба. Секое парче се прпела во брашно (40 г) да се фати од сите страни, а потоа во едно матено јајце. Похуваните парчињата се спуштаа во загреано масло на умерена температура. Се пржат неколку минути од двете страни додека заруменат. Се вадат на хартиена салветка, а потоа се наросуваат или се прпелаат во мешавина од 50 гр шеќер во прав и половина лажичка цимет.

Loading