ДОНИРАН ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ

В болница

Благодарение на разбирањето и човечноста на менаџерскиот тим на Цептер, болницата доби корисна донација, високотехнолошки прочистувач на воздух за одбрана од загадувачи и алергени за заштита на здравјето, подобрување на имунитетот и продуктивноста. Тој е софистициран и ултра ефикасен систем за прочистување и јонизација на воздухот кој ги отстранува 99,99 отсто од честичките од воздухот, вклучително бактериите, вирусите и токсичните материи.

Според податоците од Светската здравствена организација, четвртина од светската популација вдишува загаден воздух. Дури 4,3 милиони смртни случаи во светот се припишуваат на загаден воздух во затворен простор. Лошиот воздух дома или на работа влијае на развој на инфекции и хронични белодробни болести како астма, туку и го зголемува ризикот од карцином на бели дробови, мозочен удар и инфаркт.

Loading