50 садници на бадеми покрај Трескавец

Со засадување 50 садници на бадем покрај манастирот Трескавец на денот на пролетта и екологијата, градоначалникот Борче Јовчески,  заедно со претседателот на Совет Дејан Проданоски, директорот на ЈКП Комуналец, Рубин Абрашоски, еко активисти и вљубеници во природата испратија ЕКО порака. И во ОУ ,,Кочо Рацин’’ и ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане’’ се засадија украсни зимзелени растенија од видот туја, како и во парковите во типската населба и Точила во земјата се ставија фиданки на јасен . Обновено е зеленилото кај споменикот Карпалак.

            -Го одбележуваме Денот на пролетта и екологијата. Во изминатиов период бевме силно посветени на чистење на депонии и на запуштени градски локации. Продолжуваме да создадеме ред во чистотат и Прилеп со гордост да го носи епитетот – најчист град. Со засадување на дрвја ја подигнуваме свеста за зачувување на животната средина и ја разубавуваме околината – изјави градоначалникот  Борче Јовчески.

            Комуналец работи во сите годишни времиња.  Денот на пролетта е само симболика и време за еколошка порака, граѓаните да покажат респект и грижа за здравата и чистата животна средина за иднината на поколенијата.

Loading