НА ПОБЕДА И ВО ДЕБАР

Кошарка

При крај е основниот дел од машката кошаркарска Трета лига Б-група. За тимот на прилепски Мега баскет останува уште само гостувањето кај Дибра иглс во Дебар. Очекувањето е победа, со оглед на досега освоените бодови – Прилеп 23, Дибра иглс 17. Есеноска во Прилеп беше 85:67 за Мега баскет. Прилепската екипа е второпласирана на табелата. По завршувањето на основниот дел, треба да има плеј-оф на четирите најдобри во лигата.

Женскиот тим Мега баскет, по поразот дома со 51:68 од Куманово, викендов му гостува на Гризли во Скопје, во Првата лига Б-група.

Loading