ПРАВИЛНА ИСХРАНА ЗА ИМУНИТЕТ

Да го зајакнете имуниетот, на организмот му е потребно редовна конзумација на хранливи материи, витамини, минерали, растителни влакна, аминокиселини и антиоксиданси кои ја подобруваат општата состојба на телото. Во групата на намирници кои се исклучително богати со антиоксиданси на прво место е лососот. Доколку не сте во финансиска можност често да уживате во неговиот вкус, заменете го со други видови на риба кои се богати со мрсни киселини. Пожелно е млекото да се избегнува поради високата содржина на казеин. Од млечните производи може да се јаде сирење и јогурт со ниски количини на мрснотии. Избегнувајте го внесувањето на заситени масти.

Консумирањето на намирници богати со прости јаглени хидрати треба да се сведе на минимум. Важен е адекватниот внес на течности во организмот. Да го одржите телото хидрирано во текот на денот би требало да испиете осум до десет чаши вода. Дозволено е и една шолја зелен или црн чај. Исфрлете ги од исхраната и газираните сокови, како и слатките, бидејќи содржат голем број адитиви и јаглехидрати.

Loading