Фељтон: Томе Велјановски
Габероска Менка 1892 – 1975
Како што кажуваше самата Менка да е родена во Радобор, битолско во фамилијата Габеровци. Таа истата го потврдува и прекаро или презимето или презимето на нејзиниот брат Тодор Габеро. Детството Менка го поминала во родното село Радобор. Се омажила во с. Вањевци, битолско за Трајкоски Васил.
Менка ја преживеала Првата светска војна во 1924 година. Менка и Васил во бракот имаа едно дете, крстена Илинка. Со времето се преселиле во Битола. Нивното дете Илинка се школува во Битола и се запишува во средно училиште гимназија каде се изучува странски јазик француски.
Во тие бурни години пред Втората светска војна Васил, мажот на Менка умира. Василица Менка не добила ѓелово наследство по правило по мажо треба да биде викана Василица ама ето Ѓелова, Марул бил попознат од Васил и нејзе именкатаи останала Ѓелојца.
Неколку години пред нејзината умирачла го изуби гласот за говор, трошолеше, пелтачеше. Во 1975 година Менка починана 83 години во Марул и е погребана во марулските гробишта, во гробот на Колески Богдан, марулски говедар од с. Полчиште во 1938 година. Говедарот Богдан фамилијарно бил настанет кај Здравески Атанас. Дали зетот Атанас по потекло од с. Вепрчани бил во некоја родбинска врска со говедарот или пак дека Богдан и Менка починале двата во неговата куќа и од нив направил светијованство задгробно и ги погребаја во заеднички гроб.
Во секој случај адетите што ги прават внуците од ќерката Илинка на бабата Менка важат и за говедарот Колески Богдан.
По смртта на Богдан неговата жена Чона ги раздала децата Трајче кај Лазаровци во с. Дедебалци, Стојан кај Квачковци во с. Добрушево, Стеван кај Џајковци во с. М. Рувци. Чона се премажила за Мојаноски Богоја во с. Бонче и таму оснива нова фамилија.
Додека гробот од Богданн беше целосен синот од Рувци Стеван идеше во Марул пред Духовден и го освечуваше гробот на татко му Богдан. Овие три Богданови деца каде се раздадени сите се удомени, си имаат свои фамилии, синови и ќерки со нивни внуци, дури и правнуци.
Се премажува во Прилеп за вдовецот Јовчески Ѓело, роден и доселен од с. мало Радобил, прилепско. Ѓело како поранешен полјак во с. Марул поради од економски причини за времето на бугарското владеење Илинка паштерката ја омажил во Марул во 1941 година за осамениот Здравески Стојанов Атанас Чонески, познати по мајка му Чона. Атанас женидбата го чинела еден ѕевгар волови. Менка кај Ѓело живеела вонбрачен живот.
Во летото 1942 година непознати барем во нашиот крај сторителите убијци на Ѓело му ставиле во џебовите јак експлозивкој го разнесол телото на Ѓело во парчиња на покривот на дуќаните во прилепската чаршија.
После настанот со Ѓел, Менка како негова вонбрачна сопруга немала никакво право на брачно наследство, останала со гол живот и се доселила кај својата ќерка Илинка во Марул. И постанале две дами во Марул кои носеле градска носија. Менка кај ќерка си сакана од сите во куќата. Во фамилијата кај Чоневци беше главниот ецономист, таа беше пазарџија во куќата.
Карактерски Менка беше мирна, немаше незгодни расправии, кавги со комшиските жени, рекла казала, према тој нејзин карактер изгледаше за образована личност. Менка во Марул беше позната, викана како Ѓелојца тоа беше погрешно сватено. Таа живееле со Ѓело вонбрачно, немала со него потомство.
Трајкоска Менка е учесник и постанува член на првата одржана организација на Антифашистичкиот на жените за Марул во месец август во 1944 година во кулата од Павлевци долни Јоновци во присуство на претседателот на АФЖ за Прилеп и прилепско Добра Цекоска, ќерката на Менка Здравеска Илинка е избрана за претседател на АФЖ за с. Марул.
Полјакот марулски Јовчески Ѓело (умрел 1942 година)
Јовчески Ѓело е роден во с. М. Радобил, прилепско со непознато време и година за неговото раѓање. Исто така е непознато време за неговата женидба и неговото доселување во Прилеп. И колку деца имал од првата брачна другарка за нас не е познато.
Ѓело во Марул дошол за полјак, полски чувар во есента 1928/29 година. Застановање му било одредено во кулата на бегот Тефик Утоски, кулата се навоѓаше во денешниот двор на Јованоски Душан Јоноски Курела. Према договорот што гонаправиле за храна со селото Ѓело да се храни по куќи со три различни оброци за јадење на ден.
Откако се позаситил со храна си ја покажал својата нецивилизирана култура, јадењето ако не му се се свидело, бендисало директно пред лицето кое му ја донесло храната ј афрлал низ прозрецот.
Таков договор како што тој барал немало направено. На пример ако му се однесело варена кокошка, зошто не била печена. Ако му се однесело мазник, зошто да не било зелник и ред други работи во врска со храната. Домаќинствата се труделе од понижување помеѓу себе од богати до сиромаси, нему да му направат поквалитетно јадење, но тој никако не бил задоволен од ниту едно домаќинство, човек кавгаџија, провокатор.
Едноставно речено суров човек ,бил член на српската партија Црна рака. Се замислувал многу моќен и говорот го менувал н асрпски. Србинот си е Србин, си го брани својот национален идентитет. А додека ваков хибриден човек со изгубен национален осет е за никаде, може да биде само кодош за туѓи интереси.
Од кулата Утоска се преселил во кулата на бегот Јусуф зеленпаша поблизу до средселото, покасно кулата била Башеска. Бабата го пратила десет годишното внуче за да му однеси ручек на полјакот Ѓело, а тој го опакостил. Сра ми понижување за селото.
На денот на Божик третиот ден во 1929/30година покрај орото, песните и гостите имало и разни спортски игри, занимливости за фрлање камен во далечина рипање во далечина прескакулица, игра месо итн. Таа игра се игра вака: едно лице е месо седнато на камен, друго лице бранител го држи месото за рака. Останатите соиграчи се обидуваатда штипнат од месото. Бранителот не дозволува, го брани месото ако удри некого од напаѓачите со нога удрениот седнува како месо, дотогашното месо бидува сега бранител на месото. Дотогашниот бранител на месото е ослободен од бранител сега постанува напаѓач на месото играта завршува кога ќе биди досадна и заморна.
Во овој случај Јанкоски Петре бил месо додека месото го бранел Василоски Милан. Во играта Милан замавнал со ногата го удрил Ѓело. Ѓело сакал да игра, да не седи, биди месо. Милан како Милан, го фатил Ѓело за рамена, го седнал на каменот за да биди Ѓело, се спротивставил и на Милан ми ја опцул на српски мајка му, гробот. Милан се налутил повторно го седнал Ѓело за месо да биди.
На Ѓело понижување му било да седи на каменот, станал и физички сакал да се пресмета со Милан. Милан го собори Ѓело, тој понижен отишол во кулата по пушката за да пука во Милан. На средселотот станало хаос, се растурила сета веселба, народот се разотишол дома меѓу нив и Милан. Ѓело отишол кај Василовци до Стојан за да прави поплака од Милан. Стојан имал некоја комшивска замерка со Ѓело и му рекол бегај од овде, јас него од залак месо сирак го гледам, ќе те наденам со вилата, вреќа ќе те фрлам. Ѓело засрамен без поддршка со наведната глава се вратил во кулата Јусуфова кај Бошевци.
Продолжува