НАВРЕМЕНА ЗАШТИТА ОД РАК

Канцерогените заболувања заземаат високо место од сите заболувања и кај нас и во светот. Ракот добива веќе епидемиски размери. Засега без ефект се обидите да се дојде до вакцина за спас наа човештвото.

Стои дилемата на денешнината зошто канцерогените заболувања се во пораст за разлика од минатото. Дали тоа се должи на храната, неправилниот стил на живеење, стресот или можеби комбинација на сé заедно.

Како да се превенира и ракот и да се открие на време?

Кај мажите, најподложни органи на канцерогени клетки се белите дробови, простатата (после 50. година од животот) и ракот на дебелото црево. Мажите над 45 година од животот, треба барем еднаш годишно да направат тумор маркери на простата и ехо и ректален преглед на простата. За останатите два ризични органи, превенција би била стилот на живот и генетските тестови, кои со прилично голема сигурност укажуваат на што треба да се обрне внимание.

Најчести видови канцер кои ги напаѓаат жените се ракот на матката и на градите. Порано се сметаше дека редовните медицински прегледи треба да се спроведуваат еднаш годишно. Но последните истражувања покажуваат дека ракот на градата, може да се развие во висок стадиум за неколку месеци. Затоа, жените треба да одат на мамографија и да направат ПАП тест, еднаш на шест месеци. Важно е, доколку има некаков почетен стадиум на болеста, да се сочека, да се лоцира и хируршки да се отстрани малигнитетот, додека не се проширил на останатите органи, кога, за жал, можеби би било предоцна за било што да се направи.

Двата пола треба да водат особено внимание, а особено мажите и на кардиоваскуларните заболувања, кои се во пораст. ЕХО дијагностиката треба да се спроведува еднаш годишно. Таа дава важни параметри за срцето и крвните садови, ширината на аортата, проодноста на каротидите… Секако треба да се прави за превенција од срцев удар, стрес тест минимум еднаш годишно.

Loading