МАКЕДОНИЈА Е БЕЗ “МАЖИ” ВО ПОЛИТИКАТА

Има ли некој да знае да тропне на маса и викне: Доста е! Не се разговара за име, идентитет и историја. Не постои држава во светот која би разговарала за идентитет. Да се потсети ЕУ дека има законска обврска да го штити и напредува идентитетот на своите членки и кандидати. Дали поништувањето на една мала нација е европска вредност или критериум. Има ли некој нормален што во ова верува.

Германскиот филозоф Фридрих Ниче во своето дело “Волја за моќ” има интересни размисли: Гледа наназад кога ја објавува иднината. Иднината може да се виде ако се загледаме во минатото. Единствено нешто што ни е загарантирано е минатото. Иднината е логичен редослед на минатите настани. Затоа минатото е важно, особено нашиот однос кон минатото. Не нарекуваат регресивни. Ако од минатото не се живее, зошто упорно, тврдоглаво и жилаво за него се борат Бугарите и Грците. Најефикасен начин да се уништи еден народ е да се уништи неговото сфаќање на неговата историја. Промената на името, идентитетот и историјата не влечат во гроб кој сами си го копаме. Грците и Бугарите бараат нов поглед кон минатото, да го наметнат својот поглед кон минатото. Одиме по линија на самоуништување. Нема ништо да помогне со однесување во улога на жртва. Никако да се ослободиме од поданичката политика.

Овој народ никогаш нема да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и Грција. Не може со договор да се брише малцинство. Народот секогаш ја пишува својата историја. Не може да одлучуваш без мнозинскиот народ. А тој, македонскиот народ, не ги сака ниту грчкиот, ниту бугарскиот договор. Ниту пак охридскиот рамковен договор со кој македонскиот народ се девалвира во етничка заедница.

За нашите предци да се декларираат како Срби, Грци или Бугари, најголема причина била баснословните суми. А, кој ги убедувал тогашните Македонци да се декларираат како потомци на Античките Македонци? Никој! Ваквото декларирање не е настанато од ниту една странска пропаганда. Нашите предци го наследиле од своите предци. И во тоа се состои неговата исконска сила. Политичките партии се должни да го спречат ништењето на Македонија.

Кога неправдата ќе стане закон, отпорот е обврска. Одберете го сопствениот пат. Не оној на кој се обидува да ве турне некој друг. Чувајте се од бесот на трпеливиот човек.

ПРИМ.ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading