МАРТ – МЕСЕЦ НА ЗЕЛЕН И ЧИСТ ГРАД

Во соработка со локалната самоуправа, ЈКП Комуналец најавува дека овој месец ќе биде посветен на зеленилото во градов, со засадување на различни видови на дрвја на повеќе локации. Фиданки од видот Платан се засадуваа во паркот кај судот и во парковите во населбата ,,Димо Наредникот,,.

Со оглед на тоа што на 21 март е ден на пролетта и екологијата, комуналците март го посветуваат на зеленилото со засадување на нови садници, одржување и фито заштита на постојното зеленило.

Loading