НЕНАСИТНИ АРАМИИ НА ШАХТИ

ЈКП Водовод и канализација е загрижен што во поледниве неколку месеци масовно се крадат шахтите, решетките и сливниците на канализациската мрежа по улиците, со што се загрозува безбедноста на граѓаните. Само во февруари се украдени 21 шахти и сливници од 10 улица.

Отворените шахти се потенцијална опасност за минувачите и за учесниците во сообраќајот. Кражбите предизвикуваат тешкотии во функционирањето на канализационата мрежа. Затоа е побарана помош од МВР за откривање на крадците, а со тоа сугурно движење на граѓаните и растоварување на претпријатието од трошоците за оваа намена.

ЈКП Водовод и канализација апелира на совесно однесување кон инфраструктурата која им служи на сите граѓани. Веруваат дека апелот ќе даде ефект. Очекуваат разбирање за сериозноста на проблемот, доколку продолжи  трендот на крадење на шахтите .

Loading