Кинисале маријовците со Итар Пејо по борина. Си зеле секирите и заминале.
На пато нашле еден клајенец. Кога видел, Итар Пејо рекол:
-Еве го бабиното клајенче, полно со машченица! Ајде, да го надробиме и да си јадиме попара!
Седнале, надробиле и јале. Си замешале нозите и не знајат да станат! Поминал еден поп. Го повикале, да му ји раздели нозите.
Попо му ји рекол:
-Ако ми ји дајте секирите, ќе ји разделам нозите.
Се кандисале и му ји дале секирите. Попо си тоарил на којно секирите. Зел еден голем стап и почнал да мава по нозите. Секој си ји собрал негојте. Тогај станале да одат за борина, ама без секири.