МИКИ ВЕЉАНОСКИ ВО УЛОГАТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Деновиве во родната куќа на Блаже Конески, најистакнатиот македонски културен деец, писател, врвен поет и научник, се одвива убав настан информираат од ОУ „Блаже Конески. Во тек било снимањето на долгометражниот документарен филм „Дневник по многу години” посветен на животот и делото на Блаже Конески.

– Ликот на младиот Блаже го толкува ученикот од четврто одделение, Михаил Вељаноски – Мики кој достојно ќе не престави како млад актер и ќе нè направи да се чувствуваме горди како училиште – велат од ОУ „Блаже Конески”.

Филмот, за кој засега не се даваат многу податоци, го снима Контраст филм – Скопје, при што е можност да се  потсети за големиот литерат Блаже Конески.

Loading