ДРВА И ЃУБРЕ

Белешка

Пример 1.

Соочени со порастот на цената на електричната енергија, или поточно со енергетската криза и тоа не само кај нас, ами воопшто во цела Европа, а бога ми и пошироко, граѓаните, или би рекол прилепските домаќини уште од сега се подготвуваат за следната зима. Иако дрвата набавени од минатата година  не им се изгорени, тие навремено се интересираат колкава ќе биде цената на дрвата што треба да ги горат и да ги затоплуваат становите во наредната есен и зима. И, нормално прашуваат во  стовариштата дали има и се разбира по која цена ќе бидат огревните дрва?

Независно што  сега не се оди во планина и не се сечи  огревно дрво, а и воопшто никакво, сепак интересот е голем. Зошто? Па заради тоа што нормално   се очекуваат нови и се знае повисоки цени. Оние што вршат снабдување велат. Како да им се каже на граѓаните колкава ќе биде цената, кога сега не е како некогаш. И?! И, чекајте да видиме до каде ќе се движат цените за да можеме  да направиме калкулација за цената на метар кубен огревно дрво. Не е како некогаш кога в шума се одеше со секира, магаре, или маска. Сега се оди со моторна пила и се знае со трактор, а потоа со камион до домовите на потрошувачите. Но, сепак едно се знае, заради цената на горивото и заради скапијата што од ден на ден е поголема, цената на огревното дрво, како и сé, нема да остане на онаа ланската. Сé оди нагоре па така и со цената на огревното дрво, независно дали е буково или дабово. Значи тој е одговорот на прашањето од овој прв пример од текстов.

Пример 2.

Само, ние два –тројца од нашето маало потзаметуваме пред нашите куќи, надвор на тротоарите и на улицата. На секои два-три дена како да се договараме, метлите враце и ајде метиме, внимавајќи да не не забери некое возило. Оти, ние како обични граѓани немаме елеци во боја какви мшто имаат метачите од ЈП Комуналец. Кога ќе ме запраша некој што е што сум запнал со метлата им велам, дека ете сакам да им помогнам на луѓето од Комуналец. А, што има лошо во тоа ако и јас се раздвижам и се размавтам со метлата за да биде чист тротоарот и улицата пред мојата куќа. А, и  она што го собираме го носиме надолу во контејнерите поголеми. Се случува ѓубрето од надвор да  си го внесеме во дворовите во нашите домашни канти за ѓубре.

Мислам, дека не правиме ништо лошо. Помагајќи им на комуналците си помагаме и ние како граѓани. Оти?! Оти според моите сознанија скоро седумдесетина кое камиони, кое трактори и други машини што секојдневно излегуваат од кругот на   ЈП Комуналец, не возат на вода, ами се знае на нафта и бензин. И?! И, што и вака си мислам, дека придонесувам да се одложи барем за некој ден и поскапувањето на услугите  од ова Јавно претпријатие. Горивото поскапува на дневна основа, а и вработените таму и тие се намножиле, се неколку стотини, сигурно ќе побараат  најниската плата да им биде колку и онаа на пример на чистачките во детските градинки, или на било кое друго место и во  било која друга установа во градот. Толку!!!

 К.Р.

Loading