МЕГА БАСКЕТ БЕЗ ПРОБЛЕМ

Кошарка

И на вториот пролетен настап машката екипа Мега баскет постигна победа. Дома со убедливи 88:79 совладан е Тетова булс. Прилепскиот состав на тренерот Сашо Костоски е во залет и не се откажува од борбата за врвот од Третата лига Б-група. Во следното коло е дербито во Куманово, екипа една од трите што се издвојува со квалитет. На табелата води Работнички со 18 бода, пред Мега баскет со 17 и Куманово со 15.

Женскиот тим Мега баскет го одложи гостувањето на Тим арена во Штип, во Првата лига, Б-група.

Loading