Ракомет
Одлично одигра екипата на Прилеп на гостувањето во Радовиш, каде е постигната победа од 36:28. Во младиот состав на тренерот Горан Кузманоски – Таста немаше слаба точка. Најефикасен ветеранот Реваз Чантурија со 9 гола. Успехот дава крилја за натамошните дуели. Викендов е мечот дома со Охрид, по една недела на гости кај Еурофарм Пелистер во Битола. Натпревари за дотерување на формата во пресрет на најзначајното потоа, плеј-аутот.
На табелата водат Еурофарм Пелистер и Вардар со по 52 бода, а Прилеп е деветти со 18.