ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (130) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Скоро наближуваат божикните празници, свештеникот Ванѓел си ја брка работата, крштава вода по куќите за Божик, ги обавестува домаќините да во наредната година 1952 ќе има литургија со причесна и ќе се фрла крст на Водици во марулските води.

Народот развеселен за таа христијанска традиција. За божикните празници и Коледе со коледари по куќи. За денот Бадник секој си е дома, се вечера и се дели бадников дел. Утрото рано народот оди в црква, после ручекот се собира на сред селото за веселба со музика, се леат песни и ора до јазди сонце. Вториот ден исто така. На третиот ден има гости, а по куќите елитни друштва си прават своја приватна веселба со грниња вино и пифтии, расположени тресат на ората го испраѓаат третиот ден на Божик.

Наближа православна Нова година наречена и Василица, пак и Суро зелена. Во тие денови до Водици се вика Христос се роди со одговор, Вистина се роди и се става зелени свежи дрвени гранчиња со благословување, женски јагниња, машки дечиња.

Децата палат оган во малата на 13 јануари вечерта на сред селото се запалува селскиот оган се вика василичиниот оган каде има посетители од сите возрасти со аманет секој кој иди кај огнот нешто за горење ќе донеси.

На оганот вечерта некои дофрлија да пред некој ден било некоја арамиска рамка покушала преку позорците сакала да влези во коперацијата, продавницатакај Тодоровци, но н еуспеала и немало направено никаква штета. Повеќето дискусии на огнот се водеше за Василица и фрлањето на крстот кај црквата во реката Горнин. И за распустот на полугодишниот одмор за учениците. Некои ќе се радуваат со добри оценки, некои ќе се нервираат со послаби оценки, таков е животот.

Штотуку василичарите се собра кај Јолевци за Василица за шетање низ селата зап о колбаси во комшиите Новачевци нем ада се оди поради ноќтана 14 јануари 1952 почина осумдесет и две годишниот дедо Гулабоски Новачев Димитрија. Бог да го прости, беше благословен од сите присутни василичари кај Јолевци, нека му е лесна земјата.

Умре од старост и нервоса. За единаесет изминати години му умреа повеќе луѓе во куќата. Во 1940 година му умре жената Петра, во 1942 година му умре снаа му Божиница од синот Божин. Во 1944 година умре внук му од синот Велјан. Велко таткото на Севда син на Димитрија само по неколку дена по Севда, како партисан загина при судирот со Германците кај прилепските касарни во 1944година. Лани му умре внукот Живко од синот Јован војник во Ужице, во Србија. Човек од камен да е, ќе пукни од вакви несреќи отколку создаден од коски и месо.

Новаческата куќа беше изоставена од василичарите за посета и музика немаше да свири преку целиот ден додека василичарите шетаа низ селото, музиката не се свиреше во чест и почитување, во чест за Димитрија поради не е погребан. Низ селото покуќи и погребот на Гулабоски Новачев Димитрија.

Во наредниот ден на 15 јануари 1952 година покрај распустот ба учениците се разнесе низ селото една лоша веста да ноќеска е украдена селската коперација – продавница кај Тодоровци, но не се знае засега кој го сторил или стериле тоа дело.

Училишната програма вечерта пред полугодишниот распуст се одвиваше нормално, весело со скеч трибина и со раскази и стихотворби припремани од учениците за таа вечер. За такви приредби му немаше рамен друг учител на тогашниот Киро Миладинов. Наредниот ден откако беше направен распустот на учениците со џипот дојде криминалната државна инспекција со четворица инспектори од градот Ресен. По нивна наредба протуѓерот Борис Бошески Ценоски од сред селото провика за да се соберат селаните во училишната наставна просторија.

Откако почнале луѓето марулчани да доваѓаат во училиштето инспекторите криминолозите го отвориле прозорот од кујната застанале во растојание поодалеченост од прозорот на кујната за да не бидат приметени од  доваѓачите и ги следеле доваѓачите секој поединечно.

1.Лицето кое си ја местело капата при доваѓањето било забележано од инспекторите криминолозите како сторител во криминалот на селската продавница. Му го запишале иемто и презимето. Тој е општ работник на Јужното маало, Трета бригада.

2.Лицето кое застанало за да си ги презаврзи врвците на чевлите било осомничено за учесник во криминалот во продавницата запишано по презиме ии ме во тефтерот на криминилозите иснпекторите кое во колективната заедница е одговорно лице на сточниот фонд. Живее во западното маало во Прва бригада.

3.Лицето кое штотуку дошло пред училиштето, застанало, си буричкало, проверувало по џебовите било осомничено од инспекторите криминилозите и било забележано со презиме и име во белешката на инспекторите кое живеело во средното маало, Втора бригаде да работат одговорно бригадир во Втората бригада.

Откако се завршило со доваѓањето на луѓето во училиштето криминолозите инспекторите отишле во училницата при насобраните марулци почнале тактички да ги испитуваат присутните луѓе, почнале и поединечно испитување и тогаш биле откриени вистинските сторители препознаети по ликот и говорот. Навистина се потврдило да посочените три лица се учесници при кражбата на коперацијата. Главен организатор бил бригадирот од средно маало Втора бригада.

Посочените лица стореното дело не признавале да тие се вмешани за стореното дело со коперацијата. Но, инспекторите криминолозите ги вадат сликите сликани прозорите претходно со самото доваѓање ги мерат нивните отисоци на рацете се идентични. Сигурно со внатрешен голем притисок аферата се откри.

Се откри каде се наоѓа украдената роба, претежно  повеќе роба на текстил кој беше закопан и во нивата на Бабјакоска под падарница во лозница се откри и повеќе друга роба маскирана во бресјето на Павлески Ванчо одма до Бабјакоската нива се пронајдоа повеќе непотрошени колективни купони за подигање роба од коперацијата за во домаќинствата и многфу други украдени работи.         

Продолжува

Loading