ЧИСТЕЊЕ НА БУБРЕЗИТЕ КОИ ПРЕРАБОТУВААТ 200 ЛИТРИ КРВ ДНЕВНО

Бубрезите се два грашковидни мали органи од витално значење. Заштитени се од повреди, длабоко зад стомачните органи, обвиени со масна капсула и закачени на цврстата грбна мускулатура. Тие се централен и функционален дел на уринарниот систем. Бубрезите се парни органи, па ако едниот откаже или ја намали функцијата, тогаш другиот братски ја презема работата на двата и функционира без никакви последици по здравјето на домаќинот. Бубрезите се многу “паметни” и “штедливи’. Не дозволуваат ниту грам течност да се изгуби бесполезно при филтрирањето на крвта. Дневно преработуваат околу 200 литри крв, а нивниот краен “производ” е 1,5 литар урина.  Со филтрацијата го ослободат телото од бројните отрови создадени од храната и да го регулираат балансот на течности и минерали во телото. Имаат значајна улога во регулацијата на крвниот притисок, ја коригираат киселоста во организмот, метаболизмот…

Со храната и пијалаците се внесуваат прекумерни количества на токсини. Со тоа бубрезите дополнително се оптоваруваат.

 Најголем непријател  им се животинските протеини, солта, вештачките засладувачи, кафето и газираните пијалаци, цигарите и алкохолот, млечните прозводи и вештачките адитиви и бои.

Со овој рецепт се чистат токсините од организмот. Потребни се 1/2 лимон, 1 киви, 25 гр. ореви, 1 банана, 1/2 китка магдонос и чаша вода. Состојките се ставаат во блендер (лимонот исцеден). Се миксира до мазна изедначена смеса, која, според вкусот, може да се разреди со вода.

Се консумира веднаш после јадењето.

Loading