ДОМАШЕН ВИТАМИН Ц

Вредноста на витаминот Ц исклучително корисна за превенција и третман на многу болести. Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините растворливи во вода. Освен што ја зајакнува отпорноста на организмот на вируси и бактерии, делува и против низа други болести. Игра значајна улога во производството на колаген – протеин неопходен за регенерација на ткивата, крвните садови, коските и забите, и за здрав и младешки изглед на кожата.

Витаминот Ц од природен извор, не е како синтетичкиот – аскорбинска киселина/синтетизирана форма на витамин Ц, за чија синтеза често се користи гликоза од ГМО пченка. Аскорбинската киселина е мал дел од она што мајката природа го создала за витаминот Ц од овошјето и зеленчукот или некој друг природен извор. Во природата, витаминот Ц постои како комплекс со аскорбинска киселина, но и рутин… и некои други соединенија, кои, заедно, го прават најмоќен витамин без кој човечкиот живот би бил незамислив.

Природниот витамин Ц делува во телото 48 часа, а аскорбинската киселина се задржува само два часа. Затоа се избегнува купувањето на непроверени и скапи додатоци. Домашниот витамин Ц има живи ензими, овозможувајќи 100 отсто апсорпција во телото и ефект од 48 часа.

Во цитрусното овошје има различни соединенија со антиоксидантни својства. За домашен, природен витамин Ц се потребни лимон, портокал, грејпфрут, лимета, мандарина… Најдобри се органските агруми затоа што кората е потребна. Откако ќе се изеде или исцеди цитрусот, кората се мие и се сечка ситно. Се става на чиста крпа или плех и се остава неколку дена на собна температура да се исуши до крцкавост. Потоа се меле до прашина. Се чува во херметички сад на суво, темно и ладно место.

 Суштинате е колку витамин Ц користи или апсорбира телото, а не колку милиграми витамин Ц се зема. Кората од цитрусот содржи високи дози на витамин Ц. Во 100 гр. кора има околу 130 мг. витамин Ц. Плодот на портокалот има само 71 мг на 100 г овошје. Покрај тоа, кората е полна со ензими и фитонутриенти.

Се конзумира најмалку 1 лажичка дневно преку кашичка, супи, салати, сокови, десерти… Лажичката го снабдува целиот комплекс на витамин Ц, вклучувајќи нарингин… и други биофлавоноиди во количества потребни на телото за 1 ден.

Loading