ПРВА НАГРАДА ЗА НАСЕВСКА НА “ЛИТЕРАТОПИЈА”

Нашата поетеса Тамара Насевска за песната Сонетен венец го зазеде првото место на литературниот конкур “Литератопија”. Таа се радува на  една од нејзините понајзначајни награди кои ќе се вовед во о 2022  година.

– Наградата е за нов начин на творење. Искусните поети беа зачудени како сум го сфатила овој вид на пишување. Беа изненадени. Среќна сум со сите благодарници, пофалници, признанија, сертификати, дипломи, плакети…, бројам 91. Не ги вбројувам трите книги. Дај боже годинава да стигнам до стоттата награда – вели Насеска.

Пишувањето í е составен дел од животот.

-Мојот живот е пишувањето. Стиховите се дел од мене 12 години, од кога знам за себе. Книгите ме исполнува и ме прават среќна. Поддржана сум од колегите по поетска линија. Тоа ме мотивира. Кога некој ве бодри, поттикнува и поддржува, нема простор за откажување, бидејќи желбата е мошне силна. На почетокот поддршката беше мала. Сега е друга приказна. Ме храбри семејството, најблиските, познаниците. Бројот на непознати поддржувачи е сé поголем што, искрено, ме “вивнуваат” високо. За тоа е потребна силна личност, која никогаш не се откажува – додава Насевска.

Со награди се закитија и прилепските поети Снежана Паноска, Тони Павлески и Сузана Рулеска.       

-Секој сонет има 14 стихови, а секој нов стих во магистралот почнува со прв стих од сонетите. Така со ред од секој сонет по еден за магистралот. Тоа треба да е поврзано со рима преку еден стих. Сонетен венец е тешка форма и бара многу труд за оформување – вели Тони Павлески.

Затоа се значајни наградите за прилепските поети, членови на Клубот на литературни творци – Прилеп. Тие се потврда за квалитетното творештво создавано низ годините.

Loading