СЕ ДИГИТАЛИЗИРА АРХИВАТА ОД ТЕАТАРОТ

Старата архива на театарот “Војдан Чернодрински” добива дигитална форма. Се скенира обемното богатство од архивски материјал на театарот, создавано од 1950 до 2000 година. Фотографиите, плакатите, исечоците од весници добиваат дигитален формат.

-Архивата е  сведок на создавањето на театарската историја. Сместена е во папки во кои има фотографии и плакати од премиери од секоја година. Има и други материјали за одиграните претстави. Проектот ќе се реализира подолго, бидејќи ќе се обработуваат илјадници фотографии и плакати, едновремено заштитувајќи го театарското наследство – велат од ЦК “Марко Цепенков”.

Театарската завеса се кренала на 18 февруари 1950 г. со претставата “Кир Јања” од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, при што се роди театарот, што изоди долг пат до полна афирмација.

Министерството за култура лани оддели средства за опрема за дигитализација.

Loading