УСПЕШНА ГОДИНА

ЦК “Марко Цепенков”

ЦК “Марко Цепенков” е задоволен од реализираните активности лани, покрај пандемијата и рестрикциите.

-Имавме околу 150 настани, премиери на претстави, концерти, изложби, промоции на книги, проекции и редовни претстави на театарскиот репертоар. Се отпечатија два броја на списанието за литература, уметност и култура Стремеж, од кои едниот беше посветен на Блаже Конески по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Традиционално ја одржавме ликовната колонија Дрен 2021. Поддржавме три фестивали и други манифестации. Реализиравме две премиери, Светулки и Да инспекторе, претстава со грешки. Остваривме успеси на 55 издание на МТФ “Војдан Чернодрински”, освојувајќи две награди за млад актер и за сценографија. Претставата Глембаеви гостуваше на Младиот отворен театар – велат од Центарот.

Задржан е приматот за најдобар Центар за промоција на ликовната уметност со триесетина изложби. Вработените се горди што во соработка со Амбасадата на Мексико во Белград, е донесена изложбата на фотографии  “Диего и Фрида, насмевка на половина пат”.

Додека се чека овогодишната програма на Министерството за култура, очекуваат годинава да мине ковид кризата, да се реализираат многу повеќе настани, а публиката да биде побројна. Но и да се подобрат условите за културата и уметноста во градот.

Ианку, по празниците, во Театарот продолжија пробите на претставата Декамерон, чија премиера се очекува во средината на февруари.

Loading