НОВИ ПЕСНИ ОД СНЕЖАНА ПАНОСКА

“Со матниот поглед од очното перде

со солзни очи од погледот гладен

на каменот студен, пред дрвена порта

еден старец седнат,

пајажини небесни гладно следи

што ги пара стариот вртач во својот лет”.

Ова се дел од стиховите од песната Последниот од  Снежана Паноска. Неуморната поетеса, претседателка на Клубот на литературни творци Прилеп, се радува, бидејќи е застапена со две авторски песни во Зборникот од Маџирмаалски поетски средби 2020. Едната е со мотиви за живеењето во скопското Маџир маало, кое е и мотив за овие поетски бранувања, а другата песна, Спомени, е спомен за некогашното живеење, што сега веќе го нема. 

Една песна од Паноска е објавена и на хрватски портал за поезија, за што е  особено горда, бидејќи македонските автори се признаени и препознаени, не само кај нас, туку и надвор од нашите простори.

Паноска е автор на повеќе стихозбирки поезија.

Loading