ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА НА СОВЕТОТ НА ПОТЕГ

Советниците ги усвоија Извештајот за работата на Советот за 2021 година и Програмата за 2022 година на последната седница.

Со мнозинство гласови се усвои и Програмата за култура за 2022 година, Одлука за прифаќање на спонзорство на Општина Прилеп како и Предлог-Одлука за изменување и дополнување усогласување со Законот за рамномерен регионален развој. Беа усвоени финансиските планови и програмите за ЈКП Пазари,  за Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник, Детските градинки „Наша иднина”, за градската библиотека и финансиските планови за сите основни и средни училишта.

Советниците ги усвоија и Програма за уредување на градежно земјиште во Прилеп  програмата за финансирање на урбанистички планови и дадоа виза за трајно користење на недвижен имот на КП 10029 КО Прилеп сопственост на ЕЛС-Општина Прилеп.

Беа именувани членови на управни и училишни одбори во неколку институции.

Дополнително, советниците дадоа зелено светло за воведување на редовен линиски превоз за селото Подмол  во двата правци два пати дневно.

Loading