РАДОСТ И СРЕЌА ЗА 13 ГОДИШНИОТ РИСТЕСКИ

Водици

Меѓу 12 мали граѓани кои се пријавија за благослов за фаќање на крстот за Водици во фонтаната на црквата Свето Благовештение, најумешен во водите беше 13 годишниот ученик од ОУ “Рампо Левката”, Марко Ристески. Воден од желбата годинава да го следи среќа, тој успеа да го фати светиот крст на првиот скок на традиционалниот богослужбен адет. Ристески доби златен крст од локалната самоуправа и други награди од неколку компании.

После традиционалното пуштање на гулабите и свечената божествена литургија градоначалникот Борче Јовчески посака да останеме здрави и живи.

 – Да се преброди злото надвиснато над нас и со верба во Бога да се  подготвиме за в година да ги продолжиме сите наши обичаи и празнувања како што доликува, во духот на традицијата и на христијанството. Иако поскромно и во помал број годинава се одбележува празникот, испраќаме порака  да се чуваме и да бидеме одговорни –  порача Јовчески.

На одбележувањето на празникот присуствуваа и претседателот на Советот Дејан Проданоски и членовите на Советот, пратениците и претставниците на ЈП.

Положување на светиот крст во водите беше извршен и во селата Селце, Витолиште, Бешиште, Ново Лагово, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Полчиште, Галичани, Чепигово, Подмол, Тополчани и Штавица.

Loading