КОЈ МНОГУ ЧИСТИ, ПОБРЗО И УМИРА

Редовното чистење го зголемува ризикот од умирање, особено на мажите. Мажите чистачи се позагрозени отколку жените. Опасноста од умирање е значително поголема во споредба со канцелариската работа. Машката популација учествува во смртноста дури со 45 отсто, а кај жените е само 16 проценти.

Причините за смрт кај чистачите/чките се болести на бели дробови, срцеви болести и рак, особено на белите дробови. Затоа мажите треба да се подалеку од метлата и правосмукалката. Грижата за хигиената треба да им се препушти на жените.

За ризикот од смрт важни се и прехранбените навики, пушењето, стресот и останати елементи за здрав живот. Најризични компоненти се хемикалиите кои се користат при чистењето. Повеќе средства за чистење на домаќинствата се опасни, бидејќи постојата ризици од хемиски реакции.​ Причината за смртноста на мажите е нестручноста и невнимателноста при ракувањето. Жените се повнимателни и поискусни. Користат гумени ракавици и маски.

При чистењето на рерната и санитариите нужна е каква-таква едукација за заштита на аматерите кои ја одржуваат чистотата. Домаќинствата користат средства помалку разумно и стручно, отколку професионалците. На пример, средствата за чистење на рерна содржат каустична сода која ја нагризува кожата и слузокожата. Посебна опасност е комбинацијата на хемикалиите. Кога средство за чистење на ВЦ на база на хлор дојде во контакт со средство за вадење на наслаги од калциум за санитарии, се создава гасовит хлор кој се користел како прв боен отров.​

Затоа се советува чистење со ракавици, заштитни очила и маска. Претходно добро да се проучат симболите за опасни материи . Хемијата мора да се почитува.

Loading