ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА

Природниот лек се состои од цимет и каранфилче. Тој го поттикнува метаболизмот и делува поволно врз здравјето. Служи и за слабеење. Лесно се приготвува.

Циметот има способност за регулација на шеќерот во крвта, ја намалува подуеноста на стомакот и претставува моќен антиоксиданс. Каранфилчето помага за ослободување на телото од токсини, ублажува забоболки и влијае поволно врз здравјето на срцето.

Две стапчиња цимет и 30 г. каранфилче се ставаат во 5 литри вода. Се консумира по 100 мл наутро, на гладно. Кога ќе останат само 400 мл од напитокот, се прави нова доза. После пиењето на 3 дози, се паузира 15 дена, и по потреба повторете го третманот.

Каранфилчето е многу здрав зачин. Со консумацијата на неколку каранфилчиња се чисти телото од токсини и штетни организми. Карактеристичниот ароматичен мирис, со речиси лут вкус, му дава зачинско својство на ова растение, кое содржи масла и танини. Да проверите дали е добро и квалитетно се става во чаша со вода. Ако лебди на површината исправено, тогаш е добро, содржи квалитетни и лековити масла. Не се користи ако плови хоризонтално или ако потоне во чашата.

Loading