СУВО ГРОЗЈЕ ЗА ЕНЕРГИЈА, КОСКИ…

Сувото грозје може да го поттикне сексуалниот инстинкт и да помога при срцеви заболувања, анемија, камен во бубрезите… Можеби не делува спектакуларно, но огромни се здравствените предности. Содржи хранливи материи и минерали за олеснување при физички проблеми, вклучително и гастроинтестинални тегоби, артритис и слично.

Го подобрува сексуалното здравје. Ја содржи аминокиселината аргинин која помага во подигање на либидото, а со тоа го подобрува сексуалниот живот.

Сувото грозје заштитува од рак на дебелото црево, бидејќи содржи полифенолни антиоксиданси. Тие го штитат организмот од ширење на слободните радикали одговорни за раст на туморите.

Ја подобрува дигестијата, оти е многу богато со влакна. Го чисти дигестивниот тракт, токсините и други отровни материи. Практично, ги одржува цревата здрави.

Го подобрува здравјето на коските и забите, бидејќи содржи големи количества калциум. Има и бор за апсорпцијата на калциумот и создавање на коскена маса. Корисно е за превенција на коскени заболувања, како што е остеопорозата, особено кај жени во пост-менопауза.

Полно е со енергија. Корисно е за спортисти. Помага на оние кои сакаат да се здебелат. Содржи фруктоза и глукоза.

Го подобрува имунитетот со апсорпцијата на различни хранливи материи, вклучително и витамини и протеини.

Во суштина, го подобрува општото здравје.

Loading