НОРМАЛИЗАЦИЈА НА ПРИТИСОКОТ

Високиот крвен притисок и холестеролот може да се “турнат” со природен лек кој е едноставен.

Сите состојки треба да се целосно природни. Првата е цвеклото. Се мие, се лупи и се обработува околу 1 кг. во соковник за да се добие сок. Другата состојка е целерот. Се сечкаат 2-3 стапчиња и се ставаат во соковник да се исцедат. Потоа се цеди половина лимон. Се мешаат сите состојки. Не се додаваат засладувачи. Се чува во фрижидер.

Се пие по 2 чаши во 24 часа, на гладен стомак, голтка по голтка. После напитокот не се јаде и не се пие вода барем половина час. По 24 часа се прави нова количина, зашто сокот е најефикасен кога е свежо приготвен.

Овој пијалок може да биде штетен за луѓето со низок крвен притисок или кои користат лекови за крвен притисок.

Високиот крвен притисок е водечки ризик за срцев удар. Со 2 чаши сок од цвекло дневно паѓа крвниот притисок, оти цвеклото содржи висока концентрација на нитрати, кои помагаат во намалување на крвниот притисок. Нитратите во исхраната помагаат во ширење на крвните садови и со тоа и намалување на крвниот притисок. Една чаша сок од цвекло на ден го намалува ризикот од срцев удар.

Нитратите и фитостеролите во цвеклото го туркаат ЛДЛ холестеролот, со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Цвеклото има и други здравствени придобивки. Ја јакне крвта, го чисти организмот и влијае на општо подобрување на здравјето.

Целерот е корисен за намалување на крвниот притисок. Ги релаксира ткивата на ѕидовите на артеријата за да се зголеми протокот на крв и да го намали крвниот притисок. Со него телото добива калиум и магнезиум, кои помагаат и за регулирање на крвниот притисок. Корисен е и за намалување на холестеролот. Богат е со диетални влакна за пад на лошиот холестерол.

Лимонот освежува и го подобрува вкусот. Го регулира нивото на холестеролот во крвта и го забрзува разградувањето на мастите во организмот.

Loading