ЌОРСОКАК

Белешка

Во градов наш, Прилеп, има една улица што води кон старите градски гробишта. Ја викаат “Мртво сокаче”. И, кога некој ќе праша на која страна живее, а прашаниот ќе сака да објасни каде му е куќата вели – “А, бе знајш, онаму кај мртво сокаче”! Зошто го викаат вака? “Мртво сокаче” го добило името, откога се закопуваат починатите на ридот близу градот, што бил периферија. Го викала така улицата, оти од Стара црква, Св. Благовештение, починатите најпрво на раце, а потоа со коњска запрега ги носеле на гробишта, токму низ оваа улица, што сега го носи името “Лазо Филипоски – Лавски”. Се ширеа градските гробишта. На крајот имаше празен доста голем  простор. Таму се одржуваа панаѓури. Таа поголема површина се викаше “Тапани”. Сега е мал “штавички” кварт и со име “Штавичко маало”, затоа што таму најмногу ги има  доселените жители од селото Штавица и повеќе други места од Мариово. Првин беа дивоизградени куќарки. Сега се веќе големи, легализирани куќи со документи.

Во осумдесеттите години од минатиот век, во едноумието (и тогаш се правеа големи грешки), кога уште бевме во СФРЈ, претставници од некое германско здружение “запнаа” да ги уредат германските гробишта, веднаш до сегашните стари градски гробишта. Таму се закопани војници од Првата светска војна. Тогашните градски татковци (се знае кои), решително рекоа “Не”. Незамисливо беше на фашистите да им се дозволи да имаат гробишта во Прилеп, иако постоеја, но беа запуштени. Се уриваат гробовите со споменици на загинатите германски, руски и други војници. Претставници од Германија со аманет на амбасадата за возврат нудеа да го уредат просторот и да го урбанизираат, каде што сега е “Штавичко маало” во продолжение на Паркот на револуцијата до новиот обиколен пат за Битола, да бидат простор за закопување на починатите.

По она “Не”, претставници од градските комунални и урбанистички фирми беа испратени Вараждин, Хрватска, на сметка на градот, да ги видат гробиштата и да земат урнек. Биле убаво уредени, како парк (убави гробишта, колку можат да бидат, а да се викаат гробишта!). Кога се вратија се реши во старите градски гробишта, овие сегашниве, да не се врши повеќе закоп на и се “нацртаа” сегашните гробишта што се завикаа НОВИ, на Песјобрдце. Дури тогаш, ако некој имаше починат, а такви имаше доста, мораше да ги пренесе коските на мртвите во Новиот гроб за да бидат заедно во еден починатите!! Тешка ГЛУПОСТ! Уште поголема кога се реши повторно да се закопуваат починати прилепчани во старите гобишта! Глупост на квадарт! Или шетање на  коските од едните на другите гробишта. Тоа многумина го направија ( меѓу нив и јас), оти таква беше олуката на тогашните локални власти.

Зошто го кажувам сето ова и зошто се потсетив на морбидната веќе подзаборавена тема? Да кажам малку накратко дека сите досегашни муабети со Комисиите историски, географски, претставници, договарачи, преговарачи, пазарџии од наша (македонска и бугарска страна), повеќе или помалку ми личат на прилепското “Мртво сокаче” или ако сакате на ЌОРСОКАК!!.                                                          

К.Р.

Loading