НАГРАДИ ЗА ТВОРБИ ЗА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК СВ. НИКОЛА

Клубот на литературни творци Прилеп ги додели традиционалните награди за поетски творби за патрониот празник на градот Св. Никола. Учествувале млади творци од сите средни училишта со избрани творби. Со првата награди се закитија учениците Марија Бундеска од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, под менторство на Цеца Видова Трајческа, Стефани Настеска од СОУ “Орде Чопела”, под менторство на Анита Бунтеска. Од Гимназијата за најдобра е прогласена творбата на Христина Тасеска, ментор Дарко Ристески. Од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” најдобра е Ана Марија Димитреска со менторот  Андријана Челебитова, а во СОУ “Ѓорче Петров” првонаградена е Барбара Мицеска со менторот Оливера Димитријоска.

Наградените ќе добијат книги. Заради пандемијата од ковид 19 годинава  изостана традиционалното поетско читање.

Loading