МЛАДОСТ 96 И БЕРОВО ОДИГРАА ВО НОВИ САД!

Пинг-понг

Никогаш не се случило еден меч од домашна спортска лига да биде одигран во странство. И тоа се случи. Во Нови Сад, Србија, каде имаше новогодишен турнир, прилепска Младост 96 со 4:0 го совлада Берово, во 7. коло од женската Прва лига на Македонија. Досега прилепскиот тим има само победи, а останува уште дуелот со Крива Паланка.

Машкиот тим Младост 96 ги совлада скопските, Рисови (4:0) и Телеком (4:2) за 2. место на табелата, а Младост има заостанати натпревари.

Loading