ЗАСЕДНАТИ

Белешка

Се стори и тоа. Се најде модус, како што сакаат. Се договорија и остана  мнозинството во македонскиот парламент. Се најдоа (како којзнае каде да беа) пратеници и бројот се стокми. Се знае што беше во прашање. Интересот и само интересот, личниот, а не оној општествениот како што се колнат кога ќе даваат изјави на првата промотивна, седница. Демек сите се за народот, оти тој најпрво им е во устата. Ги дадоа изјавите, се потпишаа.  И толку. Заборавија на што ветуваа во предизборието парламентарно. Нејси, тоа е тоа. Некој ќе каже дека е така насекаде, не само во нашиот парламент и тоа како што е составен од многу, многу политички партии за олку мало територијално подрачје.

Некои ќе се збунат и ќе се најдат погодени од напишаново. Ама, признале или не, така е. За жал или за добро на оние кои ги зафатија парламентарните меки фотелји. И, нормално, нема припуштање. Се седи на нив, дури и се преспива! Арно ми вели еден мој колега кој знае повеќе математика. Вели, сакал признал или не, еден пратеник во четиригодишниот мандат заработува повеќе од сто илјади евра. Со тебе толку нема да заработиме цел живот. Не е само тоа. Плус на тоа, народскитѕе избраници имаат и една година апанажа. Фазла, кога ќе им дојде пензионирањето, и пензијата ќе им биде бабачко!!!

И, ете во тој “ендек”, (фотелја) лежел зајакот, за да не може никој да го најде и да го вознемирува. Затоа се измислија и уште се токмат нови и нови политички партии. Не е важе бројот на членови, да имаат претседател, иницијатор и да и се стави име на партија  и да се регистрира во Централниот региста. И, туп, еве ти ги на избори. А, колку се членствите не е важно. Да се има свој макар и еден пратеник и почнува пазарењето. Се пазарат големите, ама  овие маливе пјтон партии, како во случајот стојат зад вратата и чекаат по некоја трошка да лапнат. Да, малите политички партии, односно нивните претседатели кои ги држат функциите неприкосновено со години. Топло им е и залежени во парлментарните фотелјите. Таман им се , Затоа не стануваат по три-четири и повеќе мандати. И пазарењето секогаш е на “ниво”, независно која од поголемите партии е на тронот, демек, која е позиција или опозиција. Маливе партиички секогаш демнат и чекаат зад ќошот. Секогаш влегуваат во добитниот “капан” на парламентарниот “кафез”, небаре се  врапчиња, трнанчиња. Тие не се фаќаат сами во капанот, ами се лепат со убави зборови. Гледаат да имаат свој, личен профит, иако претходно се колнеле и дека ќе работат за доброто на членството и народот. Тоа ти е како онаа “тикви со расол”. Така дојде работава во сегашниов, македонски, парламент. Едни влегуваат со калкулации, а други излегуваат само да ја остварат својата цел. А, малите чекаат во капанот, да бидат да почнат да пеат во големиот “кафез”, или своите “пет минути”. За чудо. секогаш го  дочекуваат, за да им се “најдат” на големите политички партии. “Сон” им е да им “помогнат” на луѓето, кои ги избрале. Зошто? Затоа што тие со децении се на челното место во добитната комбинација. Некој ги нарекува сателити, кои се вртат околу големите. Има и здруженија, и сојузи, и клубови и… Секогаш служат, како некогаш вазалите на големи султан партии. Демек им “помагаат” секогаш да бидат власт!!!

К.Р.

Loading