ПОБЕДА МОЖЕ ДА Е ПРВА СО ПОМОШ НА БЕЛАСИЦА

Фудбал-Втора лига

Чуда се случуваат во Втората фудбалка лига – Исток. Само што јавноста ја прогласи Слога за есенски првак, отпишувајќи ја Победа по дербито во Прилеп што со 2:1 го добија виничаните, по три дена прилепскиот тим стана пак кандидат за 1. место. Во Кочани со головите на Давид Јошески, Филип Стомнароски и Бојан Спиркоски е постигнат триумф над Осогово, додека дома киксираа конкурентите Слога со Детонит (1:1), Саса со Беласица (0:0), така што шанса пак и се дава на Победа. В сабота (13 ч.) на стадионот ,,Гоце Делчев,, Победа игра со аутсајдерот Локомотива, па извесна е победа. Доколку Беласица дома ја совлада Слога, Победа е есенски првак со подобра гол-разлика.

Братство со 4:1 ја совлада Локомотива, на која и го препушти последното место. В сабота житошани му гостуваат на Кожуф. 

Табела: Слога 32, Победа 29, Саса 28, Беласица 25, Кит-Го 19, Осогово 18, Кожиф 17, Детонит 15, Братство 7, Локомотива 6.

Капинковски дебитира

По загубеното дерби со Слога, оставка поднесе тренерот Дарко Крстески, а на негово место дојде битолчанецот Димитар Капинковски. Тој е некогашен играч на Победа, а како тренер работеше во Школата од Пелистер, додека прволигашкиот тим од овој клуб го водеше до пред еден месец.

На мечот во Кочани Победа ја водеше помошникот Сребре Стефаноски, а Капинковски го зазема тоа место в сабота против Локомотива.

Loading