ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (121) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Од родувањето на Исус Христос, од денот Божик па се до неговото крштевање на Водици на реката Јордан во Израел, се вика водата леунка вода, не крстена. Марулци кои беа поблизу до реката секое утро на реката се што можи ако студи се носеше слама в раце, се миевме образ во реката затоа што во утринското време се расонува мечката од сонот и одела на реката, си го миела задникот. Сите одеа во натпревар со мечката да се измијат лице додека мечката не ја изматила водата.

Откако ќе се измиеме лице, ќе завртевме према исток угреј сонце, ќе се прекрстиме три пати и во себе ќе си речиме, Господи помилуј се на мене и чувај ми го здравјето. После тоа се враќаме дома. Тоа го правевме од Божик до Теода, Нејатка. Тие кои не сакаат да одат да се мијат на реката одеа порано, ќе донесат пресна вода за секаква потреба за во куќата пред да се разбуди мечката.

Сите деца во себе си милеа да баба Меца е мрзлива и стално е преварена со миењето во реката. Поради никогаш не ја видоја во реката да си го мие задникот. Воловарникот и рогушките и се даваат во зопта на стоката на православната Нова година, а не на Водици Богојавление.

Во рожденството на Исус Христос и крштевањето на Богојавление Водици во домаќинствата се прави водички адет за сите во куќата. Се тура крстена вода од предходниот од Нејатка во една земјена ваганка на подот поред прагот од внатрешната страна на одајата, секира со неколку живи јаглненчиња. Едно одредено лице од домаќинството ваганката ја држи в раце со лајца сркалка во ваганката. Останатите членови од домаќинството се наредени во ред во ходникот. Првото лице од редот во ходникот се качува на прагот од влезната врата во собата, се прекрстува три пати, ја зема лајцата од ваганката и од крстената вода сркнува три пати и лајцата ја префрла преку неговото рамо за да падни лајцата позади.

Ако лајцата падни правилно со сркањето нагоре со лицето на лајцата, лицето скокнува три пати, работата со адетот е успешно завршена. Ако пак лајцата падни со грбавото нагоре надворешно се смета за нерегуларно, верникот повторува се додека лајцата не падни со сркалото со длабочината надворешно.

Откако ќе поминат сите членови успешно се одстрануваат секирата, јагленчињата, ваганката со водата и лајцата. Со тоа се мери среќата и несреќата во годината за членството во куќата. А како секогаш овој адет започнува со малите деца. Тие сакаат секогаш секаде да бидат први.

После овие адети, обичаи тие што се со намера сакаат секако постарите да ја посетат црквата со кошницата со намирници одат в црква, на гробишта, запалуваат свеќи и со кошинците од гробишта се враќаат во трпезаријата во тремот на црквата и раздаваат задушница за упокоените.

Ако има причесна верницирте присутни ќе се задржат подолго време во црквените простории во чест на свештеникот за да ја заврши пеанијата за литургијата причесната за да дојди во тремот од црквата за да направи средба со верниците.  После тоа сите си заминуваат за дома.

Останува притрупот клисарот за да го почисти тремот и трпезаријатаза наредниот ден. А додека пак свештеникот си заминува каде што е настанен, на конак уште од вечерта претходна. За фрлање крст во реките законски беше недозволено од властите и на тоа не се мислеше.

Цркварите се враќаат од кај црквата за дома со зелени гранчиња, ги ставаат во печката со благословување, машки дечиња, женски јагниња и козиња булуг, прасиња повеќе, пилиња, телиња, прлиња и ждребиња. Ручекот е спреман, на трпезата мазник со кори, сланина пржена со колбаси, пифтија, пилешка чорба или пиле со бел ориз печено во тепсија. За ручекот сите се присутни послужени со вино и женско вино шира и вода.

Откако ќе заврши работата со ручекот овчарите ги потеруваат овците на пасење, останатите заинтересирани за веселба со музика и средба со луѓе одат на средселото веќе таму свирачите се наместени. Веселбата започнува, лесни за рака, тешки за рамо и одмерени убави песни.

Веселбата на средселото трае некаде приближно до зајдисонце зимно време е, зависи од времето. Народот си оди дома, се пресоблекува вечерта и го чекааат наредниот ден, вториот ден на Водици наречен Женски Водици. Богојавление денот е сличен во сите адети како првиот ден Божик. На овој ден Богојавление по некоја традиција доаѓа некоја организирана група претежно од машки пол од некое соседно село, собираат прехранбени артикли брашно, разноврсно месо, колбаси, пастрма, грав, леќа, кисела зелка, сирење, урда, маст и ред други прехранбени артикли направени на своите товарити добитци кои ги носат со себе и се враќаат во своето село за денот Водици женски се ораганзираат, прават разни јадења од насобраните прехранбени артикли поддржани со пијалок ракија, вино, шира вино и вода.

Една таква група од машки пол дојде од с. Штавица во Марул која беше подарена со сите прехранбени продукти која се смета за божја традиција.

За наредниот ден Водици женски народот оди в црква, ако има причесна за тој ден народот ќе биди обавестен од порано. По завршувањето на сите црквени адети верниците си доваѓаат дома со истите адети како и претходниот ден со зелени дрвени прачки дома и со ист благослов, Христос се роди, вистина се роди, гранчињата ги ставаат во печката да горат со изговор на благослов, машки дечиња, женски јагниња булуг, прасиња многу, пилиња, телиња, ждребиња, прлиња, здравје на сите, дар и бериќет во полето.

Овој ден женски Водици е сличен со на третиот ден на Божик. Се чекаат дома гости или се оди некаде на гости, зависи како има потреба. Некој преку денот се собираат во друштво на групи, си прават богати гозби со јадење, мезалаци и пијалоци поготово женски пијалоци, топла ракија и црвено вино. Ќе дојдат на средселото загреани со грнињата вино, развеселени не се пуштаат од ората и песните од нивните усти. Исто така и дојдените гости каде одседнале се пречекани од домаќините со богати гозби јадење, пиење и разни мезалаци. Со пиење вино, ракија топла, шира вино и итн.

Некаде и дел од женската пол девојчиња се ораганизира во групи и прават разни примесени специјалитети за јадење, но не на вакви големи празници како што се Божик и Водици на помали верски празници. На средселото се одвива весела музика со песни и ора. После ручекот гостите заедно со домаќините одат на средселото. Некој од гостите се приклучува во веселбата на ората и песните се забавуваат се до време одење за дома.

Веселбата завршува со музиката, песниеа и ората Беранче, Куцаното, невестинското, Марица, Тресеница, каламатија, џангурица, со сите народни патриотски песни претворени во тешки ора изиграни за рамо. Останува младите да си направат шеталиште, корзо и да чекаат прилика повторно сред село да се веселат три дена со музика на велигденските денови.

Продолжува

Loading