УБЛАЖУВАЊЕ НА ТЕШКА КАШЛИЦА

Кашлицата најчесто е последица на вирусна или бактериска инфекција на респираторниот систем. Може да се јави и течење од носот, кивање, воспалено и отечено грло, висока телесна температура, главоболка и болка во ушите. Доаѓа кога вирусите, бактериите, прашината, пердувите или некои други иританти ги дразнат нервните завршетоци во дишните патишта меѓу грлото и белите дробови. Со кашлицата, телото се обидува да се ослободи од овие иританти и да ги исчисти дишните патишта. При тоа  се вложуваат големи напори, бидејќи брзината на воздухот при искашлувањето достига и 100 километри на час.

Хроничната кашлица е знак за сериозна болест како воспаление на бели дробови или туберколоза. Често е малтретирањето за болниот, бидејќи предизвикува болка во белите дробови и општа исцрпеност.

Сируп за ублажување на тешка кашлица се подготвува со 2 гранчиња мајчина душичка, стапче цимет, четвртина главица громид ситно сечкан, чешне лук ситно сечкано, лута мала пиперка, засечена на неколку места, 150 мл. мед, 50 мл. кокосово или екстра девствено маслиново масло, 50 мл. свежо исцеден сок од лимон. Во тенџере се ставаат мајчината душичка, циметот, кромидот, лукот и лутото пиперче, па се преливаат со масло и мед. Лутата пиперка го подобрува протокот на крвта до воспаленото место, грлото, со што се забрзува лекувањето. Се меша смесата и се загрева на тивок оган до пред зовривање. Се трга садот, се поклопува и се остава да се излади. Потоа добро цеди и се додава свежо исцеден сок од лимон. Се меша и се чува во стерилен сад добро затворен во фрижидер. Нема да се расипе најмалку 3 седмици. Се консумира три-четирипати на ден по една лажица.

Loading