ДЕРБИ СО ЛИДЕРОТ ЗА МНОГУ ГЛЕДАЧИ

Фудбал

Кој би претпоставил дека некогаш Победа и виничка Слога ќе бијат битка за 1. место, но еве дојде и тоа. В сабота (13 ч.) на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, дуелот меѓу двата ривала може да реши кој ќе биде есенски првак. Слога, чиј гол го брани прилепчанецот Ѓорѓи Јованоски, со 3:0 лесно дома ја совлада Локомотива и со оптимизам доаѓа во Прилеп. Победа разочара со поразот 3:0 од Саса во Каменица, каде петти жолт картон доби капитенот Даниел Карчески, па нема да игра утре. Претстои привлечен дуел, дерби какво што сака публиката.

Братство, по поразот дома 2:4 од Осогово, гостува кај Кит-Го во Пехчево.

Табела: Слога 28, Победа 26, Саса 24, Беласица 23, Осогово 17, Кит-Го 16,  Детонит 14, Кожуф 13, Локомотива 5, Братство 4.

Loading