СИЛИТЕ СЕ ЗА 2. МЕСТО

Кошарка

Дербито од машката Трета лига, Б-група, меѓу прилепски Мега баскет и скопски Работнички го добија гостите со 103:84. Сега шансите на Мега баскет се за 2. место во есенскиот дел, бидејќи лидерот Куманово има одиграно меч повеќе, а во Прилеп убедливо загуби. Викендов се очекува нова победа на екипата од тренерот Сашо Костоски, со Албес во Скопје.

Женската екипа Мега баскет дома со 41:95 загуби од Гостивар, во 6. коло од Првата лига Б-група. Викендов е гостувањето на Куманово.

Loading