НЕ СМЕ ЗАДОВОЛНИ!

Фудбал: Дарко Крстески, тренер на Победа

-Освоено е 8-то место меѓу 10 тима

Pobeda

На последниот есенски меч екипата на Победа дома изваде солиден резултат (0:0) со фаворитот Тиквеш, но освоениот бод битно не го разубавува впечатокот за учеството во Втората лига – Исток. Бидејќи загубени се 8 меча, нерешени 5, а добиени само 3. Осмото место меѓу 10 тима за клуб со богата историја е лош пласман, кој води надолу, кон Третата лига – Југ. Од тренерот Дарко Крстески побаравме оценка.

-Оценката сигурно не може да биде преодна. Со 14 бода нормално дека не сме задоволни. Втора година ни се случува истата грешка. Дали проблем е тоа што немаме доволно средства.  Не можеме да поминеме само со наш играчки кадар, претежно младинци и кадети. Наредниве недели ќе мора да најдеме решение за засилување на екипата. Доколку успееме, гарантирам дека нема да отпаднеме – вели Крстески.

До крајот на годинава ќе има средба меѓу тренерите и раководните луѓе за преземање на мерки во Победа. Тешко дека екипата ќе остане со есенскиот играчки кадар, во кој беа најискусните, 39-годишните Благоја Гешоски и Благојче Дамевски. Остана нејасно зошто во вториот дел од полусезоната го немаше Валентин Колевски. Можеби ќе се разбистрат работите околу 10 јануари, на првиот тренинг. Продолжението на првенството е на 27 февруари со Брегалница во Штип.

Табела: Брегалница 42, Тиквеш 35, Кожуф 25, Кит-Го 22, Саса и Слога 20, Осогово 19, Победа 14, Плачковица 11, Росоман 8.

Loading